Loading Video...
Свет
10. March 2026 - 12:22

Преглед на вестите од светот

 Американскиот претседател Доналд Трамп за американската телевизија CBS NEWS во телефонски разговор изјави дека смета војната со Иран е во голема мера завршена. Тој на почетокот најави дека војната би траеле 4-5 недели. Во својата порака на социјалните мрежи Трамп напиша: 

Доколку Иран направи нешто што ќе го запре протокот на нафта во Ормутскиот теснец, тие ќе бидат погодени од Соединетите Американски Држави ДВАЕСЕТ ПАТИ ПОЈАКО отколку што биле погодени досега. Ова е подарок од САД за Кина и сите оние нации кои интензивно го користат Ормутскиот теснец.  

„Продолжуваме да ги таргетираме капацитетите на Иран за беспилотни летала и ракети. Нивните беспилотни летала се значително намалени. Производството на беспилотни летала е погодено, почнувајќи од денес, ги знаеме сите места каде што произведуваат, беспилотните летала, и тие се погодени еден по друг. Нивниот ракетен капацитет е намален на околу 10%, можеби и помалку.“

А по објавата на Трамп дека војната е речиси целосно завршена, цените на нафтата на светските берзи почнаа да паѓаат и дојода до 90 долари за барел.

Трамп им соопшти на новинарите дека имал „многу добар разговор“ со рускиот претседател Владимир Путин за Украина и конфликтот на Блискиот Исток, 

„Да, имав многу добар разговор со претседателот Путин и многу луѓе на линија од наша страна, од негова страна. Разговаравме за Украина, што е едноставно бесконечна борба. И погледнете, има огромна омраза меѓу претседателот Путин и претседателот Зеленски. Се чини дека не можат да се договорат. Но, мислам дека тоа беше позитивен разговор на таа тема. И очигледно разговаравме за Блискиот Исток. 

Разговорот беше потврдено и од руска страна и дека траел еден час. Јури Ушаков помошникот за надворешна политика на Кремљ рече дека лидерите разговарале и за украинскиот конфликт и ситуацијата во Венецуела во контекст на состојбата на глобалниот пазар на нафта.

Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Аракчи, изјави дека е малку веројатно Иран да ги продолжи преговорите со САД по неодамнешните непријателства, наведувајќи го она што го опиша како „горчливо искуство“ со минатите разговори. Во интревју PBS NewsHour од Техеран, Аракчи рече дека американските акции го поткопаа дипломатскиот процес, со што понатамошниот дијалог со Вашингтон веројатно нема да се врати на агендата на Иран.

Тој, исто така, ги обвини САД и Израел за зголемената нестабилност низ Блискиот Исток.

„Знаете, ова е, знаете, резултат на агресијата на Израелците и Американците, што го направи целиот регион небезбеден, нестабилен и, знаете, последиците се огромни не само за нас, туку и за целиот регион, а сега и за меѓународната заедница.“

„Па, всушност, ова е војна што ни е наметната. И она што го правиме е само да се браниме. Се соочуваме со чин на агресија, што е апсолутно нелегално. И она што го правиме е дека ова се акти на самоодбрана, што е легално и легитимно.“

Водено истакна дека Техеран не е одговорен за пошироките последици што влијаат врз регионот и меѓународната заедница и дека тие само се бранат.