Најстудено и најмногу снег утрово на Попова Шапка

Најсудено утрово е на Попова Шапка каде е измерена температура од -9 степени Целзиусови по што следи Kрушево со - 4, -3 степени се измерени во Берово и Mаврови Анови, -2 во Битола, -1 во Охрид и Претор, 0 во Скопје-Петровец, Тетово, Куманово, Крива Паланка и Прилеп, 2 во Штип и Виница, 3 во Скопје-Зајчев Рид, Велес и Кавадарци, 4 во Демир Капија, 5 во Струмица, а најтопло беше во Гевгелија каде се измерени 6 степни Целзиусови. Највисока снежна покривка од 59 сантиметри утрово има на Попова Шапка.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачноста. Попладне ќе е променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
-

СПМ: Институциите да постапуваат без селективност
-

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија
-

Иран ја предупреди Велика Британија: Вашиот потег ќе влезе во историјата
-

Времен режим на сообраќај во недела во скопски Аеродром поради атлетска трка
-

Цените на нафтата се намалија
-

Мицкоски: Да го негуваме соживотот, да градиме доверба и да вложуваме во заедничка иднина
