Влада утре ќе носи мерки
Утре на пладне – закажана вонредна седница на Влада. Ќе се носат мерки за борба против високите цени на бензините. Цените на светските берзи растат, па и кај нас се очекува ново покачување во понеделник.
Со какви конкретни мерки владата ќе постапи за да го ублажи ценовниот шок засега е непознато, но извори за Сител брифираат дека се размислува за моделот со намалување на стапката за ДДВ на горивата од 18% на 10%.
И бизнис секторот се на став дека владата треба да интервенира со конкретни мерки за ублажување на ценовниот шок.
Негативните последици од војната на Блискиот Исток ќе се одразат врз сите, особено врз помалите држави како Македонија, која важи за голем увезувач. Димитров очекува негативни економски движења - стагнација на економскиот раст и покачување на цените.
Зголемувањето на цените на нафтените деривати го поремети и секојдневието на граѓаните. Повеќе си возат велосипеди и се движат пеш, за да заштедат на гориво. Возилата ги палат само кога е неопходно.
На денот на почетокот на војната во Иран литар дизел во земјава се продаваше за 71 денар за лита, додека бензинот се точеше за 73,5 денари. За две недели, од стартот на кризата дизелот поскапе за дури 21 денар а бенизнот скокна за 12.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
