Loading Video...
Свет
25. March 2026 - 16:31

Трамп тврди дека во Техеран преговара со вистинските луѓе, Техеран вели дека си преговара сам со себе

САД преку посреддници од Пакистанан му предала  план од 15 точки за завршување на војната пренесоа американски и изарелски медиуми.

Во него од Иран се бара - затворање и уништување на нуклеарните постројки во Натанз, Исфахан и Фордоу, за кои Трамп претходно рече дека ги уништиле, размонтирање на сите постоечки нуклеарни капацитети и ветување дека никогаш нема да се стреми кон нуклеарно оружје, а Иран не би имал и право да збогатува ураниум на своја територија и би морал да ги предаде постоечките залихи на Меѓународната агенција за атомска енергија.

Од Иран се бара и да го отвори Ормускиот Теснец, кој би станал слободна поморска зона и да се откаже од поддршката за за сојузничките милитантни групи како Хезболах. За иранските проектили би се одлучувало подоцна, но би биле ограничени во број и дострел и би имале само одбранбена намена.

Според планот, Иран ќе добие помош од САД за развој на нуклеарна програма за цивилни цели, укинување на санкциите и отстранување на заканата дека тие повторно би можеле да бидат воведени. Нема официјални комнетари од Вашингтон и Техеран за изврештатите за планот. Американскиот претседател им рече на новианрите во Белата куќа дека Иранците се очајни и сакаат да постигнат договор за завршуавње на војната.

Рече дека од американска страна во преговорите се вклучени Стив Виткоф, Џаред Кушнер, потпретседателот Џ.Д. Венс и државниот секретар Марко Рубио, без притоа јасно да презциира со кого преговаат.

-Мразам да го кажам ова, но ги убивме сите нинив лидери. Потоа се состанаа за да изберат нови лидери и ги убивме сите таму. И сега имаме нова група, лесно можеме и си нив исто да направиме. Но, да видиме како ќе се покажат. Всушност, имаме промена на режимот. Знаете, ова е промена на режимот, бидејќи лидерите се многу различни од оние со кои почнавме, што ги создадоа сите проблеми, изјави Доналд ТРамп, претседател на САД.

Иранското државно раководство остро ги демантира американските тврдења дека во тек се преговори помегу двете дражави. Притоа, портпаролот на иранската армија саркастично ја искритикува американската администрација.

Американскиот весник „Волстрит журнал“, обајви дека Техеран подготвил список на барање за прекин на конфликтот: затворање на сите американски воени бази на Блискиот Исток, наплата на патарина за бродовите во Ормутскиот Теснец и исплата на отштета за воените напади врз иранската територија.

На терен борбите продолжуваат. Израел и САД напаѓаат воени цели во Иран, Иран возвраќа со напади врз Израел и американски воени цели во Саудиска Арабија, Кувајт и Бахреин. Според американски медиуми Пентагон се подготвува да испрати околу 3000 војници од 82-та десантна дивизија на американската армија, како засилување на повеќе илјади маринци кои веќе се присутни во регионот.