Бизнис
27. March 2026 - 16:30

Војната на Блискиот Исток веќе ги зголемува производните трошоци

Компаниите веќе почнаа да ги пресметуваат зголемените трошоци поради конфликтот на Блискиот Исток. Еден контејнер од Кина да стигне до Европа сега ги чини 65% поскапо. Почнува да снемува и алуминиум, како и пласитика, кои се клучни инпути за автомобилските компании кои работат кај нас. Нивната цена расте, а снабдувањето станува комплицирано, велат од Советот на странски инвеститори. Порастот на цените на нафтата ќе ја зголеми инфлацијата и ќе им го поскапи производството, иако во овој период точни пресметки немаат. 

Цената се зголемува, а снабдувањето е комплицирано. Да не зборуваме за храната, вештачките ѓубрива и слично. И да престане војната денес, ќе треба време да се обнови инфаструктурата. Недостатокот на гориво кое ќе се случи за 10 дена во Азија, ќе се одрази врз сите економии. Ќе нема керозин за авиопревезот. Да не зборувам за храната, за вештачките ѓубрива. Се ќе поскапи, изјави Виктор Мизо, претседател на Совет на странски инвеститори. 

Дополнителен проблем за странските компании кои работат кај нас е најавената блокада на граничните премини по велигденските празници. Добавувачите, велат, не ги интересира дека поради блокада не може стоката да стигне до нив. Најлесно ќе им биде да го дислоцираат производството во друга европска земја.

А кога ќе затворат погон овде и ги дислоцираат во друга држава, никогаш повеќе не го враќаат назад, додава Мизо.

Инаку, странските компании кои работат кај нас, во анкетата за водење бизниси, ги истакнале истите проблеми како и изминатите години. Недостиг на работна сила, нeефикасна админситрација, корупција, често менување закони, но и недобивање државна помош. Дури 80% од фирмите или не ја добиваат или им доцни по неколку месеци помошта која државата им ја ветила. Овие компaнии вработуваат над 40 илјади лица и вкупно имаат инвестирано над 6 милијарди евра. Само лани вложиле 250 милиони евра.