Црногорскиот претседател Милатовиќ во официјална посета на земјата

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, таа ќе го пречека црногорскиот претседател со највисоки државни и воени почести на церемонија во Вила „Водно“.
Потоа ќе следува тет-а-тет средба на претседателите, како и пленарен состанок на македонската и црногорската делегација.
Во рамките на официјалната посета ќе биде потпишан меморандум за соработка помеѓу младинските совети при кабинетите на двајцата претседатели.
Во рамките на посетата на земјата претседателот на Црна Гора утре ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
Утре претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Јаков Милатовиќ ќе одржат заедничко предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

Американски специјалци распоредени на Блискиот Исток
-

Приведен 22-годишен тетовец за издржување едногодишна затворска казна
-

Анчелоти: За Бразил да го освои Светското првенство, ни треба талент и треба добро да се браниме
-

Тврдел дека татко му починал по пад во купатило, 34-годишен гостиварец осомничен за убиство
-

Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН по смртта на мировници во Либан
-

„Евровизија“ се шири во Азија – првиот натпревар закажан за ноември во Бангкок
-

Гувернерот на Флорида го одобри преименувањето на аеродромот Палм Бич по Трамп
-

НАСА се подготвува за новата мисија со луѓе на Месечината - прва по 53 години
