Македонија
4. јуни 2026 - 21:02

Политички импулс без пресврт: Што носи Самитот ЕУ – Западен балкан?

Самитот во Тиват, се очекува да испрати силни политички пораки за иднината на проширувањето на Европската унија, но како што сметаат дел од политчките аналитичари, од него нема да произлезат драматични пресврти..  На дводневниот состанок меѓу европските челници и претставниците на државите од западниот балкан, фокусот ќе биде ставен на напредокот на земјите од регионот, а ќе се потврди зголемениот интерес за прием на нови членки..

Овој самит треба да се толкува како стратешки импулс, а не како пресвртен момент на одлука. Мислам дека некои од главните точки кои веќе сега се насетуваат по агендата, прво, ќе има потврда дека проширувањето е назад на листата на европски приоритети и дека апетитот за проширување повторно владее. За нас, сметам дека пораката ќе биде истата која ја видовме од Кошта, дека заобиколна врата нема, дека кој и да биде процесот на проширување и условите ќе останат исти и дека било којпат кон почеток на преговорите води низ уставните измени“, вели Петар Арсовски, полиитчки аналитичар.

Една од клучните теми на самитот ќе биде идејата за постепено приклучување кон Унијата на шесте земји од Западен балкан.. Според планот, земјите кандидатки треба да добиваат дел од придобивките од членството уште пред формалниот прием..

Тој план има за цел на земјите како Македонија, Босна и тие кои не се веќе во оригиналниот процес да им даде некакви бенефити ако напредуваат постепено. Значи, тој не е замена за предпристапниот процес, но негово надополнување. Овозможува бенефит како пристап до европскиот пазар, учество во културните и научните форуми, да се користат пред полноправното членство. Сепак, тој нема да ги замени основните услови, ниту за Макеоднија, ниту за Босна во предпристапните преговори“, вели Арсовски.

Според аналитичарите, Самитот во Тиват ќе донесе нова енергија во процесот на проширување на ЕУ, но не и олеснување на условите за членство.. 

Во пресрет на самитот црнoгорскиот претседател, Милатовиќ, организира свечена вечера за учесниците од која порача дека регионот нема поблизок партнер од Европската унија..

Македонската владина делегација ќе ја предводи премиерот Христијан Мицкоски, и како што велат од владата, на Самитот ќе се разговара за соработката и еу интеграцијата на земјите од регионот..