Иднината на работата во ерата на вештачката интелегенција
Академската заедница отвори дебата за правилната употреба на вештачката интелигенција. Технологијата веќе не е само концепт од иднината, туку реалност која бара итен институционален одговор. Ставот е јасен дека технологијата треба да биде алатка која го зајакнува а не го заменува човечкиот потенцијал.
Првиот посериозен предизвик доаѓа од образованието, според министерот за дигитална трансформација, ниту една високообразовна институција во земјава се уште нема посебен модел за користење на вештачката интелигенција.
Додека АИ алатките стануваат секојдневие, образовниот систем се соочува со сериозен аларм. Последните истражувања на Институтот за социолошки, политички и правни истражувања се фрапантни, новите генерации речиси целосно се откажуваат од користењето литература. дури 60 отсто од учениците од 8мо одделение се навлечени на видео содржини, а со текот на годините навиката за читање книги исчезнува.
За да се стави ред во овој дигитален бран министерот Андонов рече дека формирале работна група од десетина експерти кои веќе ја подготвуваат националната стратегија за употреба на АИ.Овој документ ќе им помогне на институциите правилно да ги користат новите алатки во секојдневното работење.
Министерот потенцира дека од исклучително значење е сите да дадат придонес во создавањето на македонскиот јазичен корпус во националниот центар за АИ - Везилка.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
