Loading Video...
Свет
4. April 2026 - 16:41

Преглед на вестите од светот

 Астронаутите на Артемис  2  утрово, на третиот  ден од нивната мисија  изјавија  дека  сега се поблиску до Месечината отколку до Земјата.

-И денес сме поблиску до Месечината отколку до Земјата. Ова е голема пресвртница за нас. И со нетрпение очекуваме да споделиме повеќе со вас во наредните денови. Ви посакуваме се најдобро. Au revoir изјави Џереми Хансен.   

НАСА утрово соопшти дека   капуслата  Орион е оддалечена  на околу 228 500 километри од Земјата и на околу 212 000 километри од Месечината. Ова е прват пат од 1972 година луѓето да патуваат надвор од Земјината орбита.  Екипажот треба да помине околу далечната страна Месечината на 6 арпил и да се врати на Земјата на 10 април со спуштање во Тихиот Океан.

УкРаинскиот претседател Зеленски ја обвини Русија дека наместо прекин на огнот за Велигден, се одлучила за нова екслација, откако беа извршени  масовни напади со ракети  и  дронови низ Украина. Во нападите загинале најмалку  6 цивили . И покрај ескалацијата, Зеленски изјави дека понудата до Путин за привремен празничен прекин на огнот останува отворена. Претходно, Кремљ , преку портпаролот Дмитри Песков  и порача на Украина да ги повлече своите трупи од областите на Донбас што сè уште ги контролира и дека тоа би овозможило решавање на конфликтот.

- Постојано изјавуваме дека за да се запре жешката фаза на „специјалната воена операција“, Украина мора да ги повлече своите трупи од Донбас. Ова мора да се направи и, всушност, навистина би го олеснило преминот кон процес на решавање на конфликтот преку политички и дипломатски средства, изјави Дмитри Песков, портпарол на Кремљ.

Шумски пожар  синоќа го зафати јужниот дел на американската сојузна држава Калифорнија. Огнената стихија стигна до  населен дел од округот  Риверсајд., поради што беа  издадени  наредби за евекуација. Работата на пожарникарите ја отежнува силниот ветер, што достигнува брзина и над 80 км на час.

Причината за пожарот засега не е позната.