Стратешки дијалог во Вашингтон
Македонија и САД во вторник ќе одржат сесија на стратешкиот дијалог. Настанот е закажан за во доцните попладневни часови по македонско време во седиштето на стејт департментот тука во Вашингтон а Домаќин ќе биде заменик-државниот секретар на САД Кристофер Лендау.
Најавено е присуство на прилично голема македонска делегација. Ја предводи шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски а во секој момент во Вашингтон треба да пристигнат и минстрите за одбрана, Владо Мисајловски, внатрешни Панче Тошкоски како и министерката за енергетика, Сања Божиновска и Стефан Андоновски, министерот за дигитална трансформација.
Најавени се разговори за безбедноста и одбраната, економската и енергетската соработка, како и за борбата против корупцијата и реформите во правосудството. На агендата се и регионалната стабилност, хибридните закани и продлабочувањето на стратешкото партнерство меѓу Скопје и Вашингтон.
Оваа рунда доаѓа во момент на силен геополитички притисок поради состојбата на Блискиот Исток и пред се Украина па очекувано САД бара појасна позиција на сојузниците.
Се очекува македонската делегација да го покрене и прашањето за враќање на иселеничките визи кои САД ги замрзна во јануари годинава
Министерот Муцунски веќе истакна дека ќе бидеме прва земја во Европа која во рамките на оваа администрација ќе има сесија на стратешки дијалог во Вашингтон
Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и Соединети Американски Држави е формална рамка за долгорочна соработка на највисоко ниво. Оваа платформа за координација во повеќе области официјално беше воспоставена во 2022 година, што беше сигнал дека САД ја гледа Македонија како стратешки партнер на Балканот.
Во февруари двете земју постогнаа и договор за царините а во земјава веќе пристогна и ддл од воената опрема кока Маледонија ја набави од САД.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
