Советот на обвинителите ја прифати оставката на Ленче Ристоска
Советот на јавни обвинители ја прифати оставката на Ленче Ристоска.. Повлекувањето било по сопствено барање, па како што вели претседателот на советот, причините за оставката не се дискутираат на седница..
„Согласно закон, ние не разговараме за причините, тоа е нејзина желба. Согласно закон има право во секое време и секој обвинител, не само таа, да поднесе барање за повлекување. Ние само констатираме“, изјави Башким Бесими, Претседател на Совет на јавни обвинители.
Пред да поднесе оставка, на Ристоска и беше одземено овластувањето да го води предметот Талир, а Советот на јавни обвинители и ја отфрли претставката за напад врз нејзиниот интегритет.. Републичкиот обвинител, по денешната седница на Советот на јавни обвинители, не кажа кој обвинител добил овластување да ги застапува предметите на Ристоска..
„Значи имиња на обвинители сакате? Па што се важни имињата, нели секогаш кажувам дека никогаш немој да врзувате обвинител и предмет. Погрешно е да се врзуваат предметите со конкретни персонални решенија, односно конкретни обвинители“, изјави, Ненад Савески, Републички јавен обвинител.
Минатата недела Ристоска го напушти обвинителството.. Во оставката наведе дека одземањето на овластувањата за предметите од поранешното СЈО ја ослабувале позицијата на јавното обвинителство.. Републичкиот обивнител Савески пак појасни дека одлуката е организациска со цел за зголемување на ефикасноста на Јавното обвинителство..
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
