Македонија
9. April 2026 - 10:21

Приведен радовишанец, се сомничи дека предизивикал пожар на планината Плачковица

На 08.04.2026 во 16:00 часот, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш го лишија од слобода З.К.(64) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Тој е затекнат во близина на местото каде што настанал пожар на планината Плачковица во близина на Радовиш, при што била зафатена шума и една викенд куќа. Поради сомнение дека го предизвикал пожарот тој е лишен од слобода и задржан во полициска станица.

Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш, а повредени лица нема. По целосно документирање на случајот, против З.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ново на Сител