Свет
12. April 2026 - 16:31

Иран: Ормутскиот теснец е под наша контрола, бродовите мора да плаќаат такса

Иран тврди дека официјално ја презеде контролата врз Ормусткиот теснец. Почна да наплаќа такса за премин и најави дека ќе го ограничи бројот на бродови кои поминуваат на околу 12 дневно. Плаќањето ќе мора да биде во иранска валута, односно во ријали и претходно договорно со Револуционерната гарда на Иран.

Таксата за големите танкери достигнува сума до  2 милиони долари.

Според податоците на аналитичката компанија Кеплер, во моментов 182 брода со вкупно 172 милиони  барели нафта чекаат дозвола за премин. Тие на Техенран ќе му донесат над 360 милиони долари приход.

Но бидејќи се уште не функцинира со полн капацитет, глабалниот синџир за снабдување со нафта е далеку од стабилен. Неизвесноста  од продлабочување на кризата, се уште е висока

„Нафтата што е заглавена на контејнерските бродови во Ормутскиот теснец, не излегува, или барем не излегува брзо, сега кога работите потенцијално почнуваат да се движат. И тоа е ситуацијата што во моментов е малку неодредена. Не знаеме колку долго ќе трае. Не знаеме каква ќе биде одржливата штета, инфраструктурата што произведува и рафинира нафта и други извори на енергија околу Ормутскиот теснец на Блискиот Исток. И така, тоа создава малку преголема неизвесност за производителите на нафта, потрошувачите на нафта, бизнисите воопшто. А тоа води до повисоки цени.“

Низ Ормутскиот теснец пред војната дневно поминуваа  по 80 до 130 танкери или 20% од светската нафта. Аналитичарите  предупредуваат дека секој ден со ограничен  проток значи милиони  барели нафта недостиг на пазарот,  што создава притисок до повисоки цени на горивата.

Поскапување ќе значи и нов инфлаторен бран на глобално ниво., чии последици ќе треба да се санираат подолг период.