Македонија
16. April 2026 - 16:48

Специјализација за интерна и општа хирургија од новата академска година

Општи хирурзи и интернисти со проширени ингеренции и знаење ќе има и во кочанската, струмичката, битолската и тетовската болница кои ќе третираат и оперираат пациенти а не најголем број како досега да завршуваат на скопските клиники. Ова е предвидено со ново стариот начин на специјализација кој ќе стартува од октомври и предвидува 5 годишна специјализација општа хирургија и 5 за интерна медицина. Оние кои ќе сакаат повисоки титули како торакален и дигективен хирург или гастроентерохепатолог ќе имаат можност од 2 години супспецијализација. 

- Очекуваните ефекти од реформата се шодобра достапност на здравствени услуги, намалување на упатите кон терцијарното ниво, зголемена безбедност на пациентите и поефикасно користење на здравствените ресурси, изјави Азир Алиу, министер за здравство. 

Наместо како досега специјализација по желба која во пракса значи голем број на пластични хирурзи, гинеколози и кардиолози а дефицит од неопходните анестезиолози и патолози, доуовршувањето на знаењето ќе биде согласно потребите во здравствената установа. 

- Но, основата, она што ние го имавме, постарите генерации, е нешто што секогаш држи: нашите колеги низ внатрешноста да имаат поголема можност, со поширок дијапазон на препишување на лекови и работата да си ја оправдаат. Епидемиолозите, барем ние кога правиме студии, велат дека околу 70 отсто од пациентите се во клинички центри. Па не би требало да е така, вели проф.д-р Калина Гривчева Старделова, претседател на ЛКМ

- Во ред е да искочите во пресрет на луѓето и нивните барања доколку тоа е возможно, но она што треба да го прават менаџерите на установите е да го креираат кадарот согласно она што на таа болница и е потребно. Неверојатно како фалат кадри негде а се добиваат државни специјализации за други области, вели проф. д-р Светозар Антовиќ, декан на Медицински факултет при УКИМ.

Идејата за оваа реформа е на лекрската Комора, специјализацијата ќе трае 5 години и откако ќе помине на владина седница ќе бидат известени универзитетите за ново стариот начин за специјализација.