Преглед на вестите од светот
Соединетите Држави нападнаа и запленија товарен брод под иранско знаме во Оманскиот Залив. Трамп вели дека бродот се обидел да ја премине нивната блокада на иранските пристаништа. Бродот добил „фер предупредување да застане“, но екипажот „одбил да послуша, па затоа нашиот воен брод ги запрел веднаш со тоа што направил дупка во машинската просторија, по што пловилото било ставено под американска контрола, наведе американскиот претседател во пост на Трут Соушл.
Цените на нафтата на светските берзи одново забележаа пораст по акцијата на САД во Оманскиот Залив. Нападот врз иранскиот товарен брод се случи непосредно пред истекот на двонеделното примирје помегу САД и Иран, кое завршува во среда.
Американците го прекршија прекинот на огнот, реагираше министерството за надворешни работи на Иран додека иранската војска почна со беспилотни летала да напаѓа американски воени бродови во Оманскиот залив.
-Сведоци бевме дека САД се со лоша намера и го прекршија прекинот на огнот. Сето ова е доказ дека САД очигледно не покажуваат сериозност во дипломатскиот процес, изјави Емасил Багнеи, портпарол на министерството за надворешни работи на Иран.
Во мегувреме, американски преговарачи пристигнаа во Пакистан за нови мировни разговори со Иран. За да се одржи состанокот Техеран бара итно укинување на американскаата поморска блокада.
Цунами бранови високи околу еден метар го погодија североисточниот брег на Јапонија по земјотресот со магнуда од 7,7 степени. По моќниот потрес кој се случи денеска околу 17 часот по локално време, властите веднаш издадоа предупредуње за цунами во префектурите Ивате, Аомори и Хокаидо, повикувајки ги жителите да најдат безбедени локации, подалеку од брегот. Над 100 000 луѓе добија наредба да евекауираат.
-Во овој момент, не добивме никакви извештаи за жртви или материјална штета, но бев информиран дека ситуацијата сè уште се проценува во однос на штетите. Ќе продолжиме да ја проценуваме обемот на штетата и ќе бидеме во тесна координација со локалните самоуправи. Со полицијата, противпожарната служба, силите за самоодбрана и јапонската крајбрежна стража на чело, ќе направиме сè што е во наша моќ за да спроведеме мерки за одговор при итни катастрофи, давајќи приоритет на операциите за спасување животи и спасување, изјави Монору Киахара, портпарол на јапонската влада.
По земјотресот, беа извршени итни проверки на нукеларните капацитети, по што операторите соопштија известија дека нема неправилности. Јапонската метеолрошка агенција предупреди на можноста од последователни потреси со слична јачина во текот на наредната недела.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
