Автобус се преврте на патот кон бугарско-турската граница кај Мало Трново, има загинати и повредени

Автобус утрово се преврте на пат во близина на бугарско-турската граница во регионот Мало Трново, соопшти градоначалникот на Мало Трново, Илијан Јанчев за БТА.
Има најмалку двајца загинати, рече Јанчев.
Според него, автобусот застанал на патот поради недостиг на гориво, потоа се вратил назад и се превртел.
Сите повредени се извадени од автобусот. Десетмина од нив се однесени во Центарот за итна медицинска помош во Мало Трново, а шестмина со потешки повреди се префрлени во болниците во Бургас.
Полициски екипи се на местото на несреќата.
Инцидентот се случил во раните утрински часови, малку пред 7 часот во правец кон Турција.
Во автобусот имало 39 украински државјани – 37 патници и двајца возачи, соопшти Регионалната дирекција на Министерството за внатрешни работи во Бургас.
МИА
Ново на Сител
-

Специјалниот претставник на Трамп, Зампаоли предложи Иран да се замени со Италија на СП 2026
-

Најстудено утрово на Попова Шапка -4 степени
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ Муамед Сејдини за проневера од 700.000 евра
-

Вадефул се заложи за укинување на принципот на едногласност во ЕУ во надворешната и безбедносната политика
-

Законските измени за укинување на техничката влада пред собраниската Комисија за политички систем
-

Песков: Средба на Путин со Зеленски можна само за финален договор
-

Белата куќа ги минимизира иранските напади врз бродови во Ормуската Теснина
-

Без струја делови од Карпош и Гази Баба
