Мицкоски: Има политичари во Македонија кои живеат во минатиот век во време кога зборуваме за вештачка интелегенција

- ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг од изборите во Брвеница има предност од 800 гласа пред кандидатот на коалицијата. За жал, сè уште имаме политичари кои живеат во минатиот век во Македонија и кои сè уште ја бараат поддршката на граѓаните во време кога зборуваме за вештачка интелигенција - рече денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски коментирајќи ги повиците на вториот круг од изборите за градоначалник на Брвеница да се гласа по етничка припадност.
ВМРО-ДПМНЕ, додаде тој, ја бара поддршката од жителите на општина Брвеница и јас сум сигурен во победата во вториот круг на нашиот кандидат и тоа ќе биде уште еден доказ дека овие сили коишто припаѓаат на минатиот век ќе останат во минатиот век.
- Кандидатот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи на предвремените локални избори во Брвеница, за жал, поради прераната смрт на нашиот Јовица, којшто беше најуспешниот градоначалник во историјата на таа општина. Остави позади себе големи дела и работи во процес на изработка. Тој никогаш не ги делеше жителите на Општина Брвеница на националност, дали тоа е македонска, дали тоа е албанска или друга, небитно. Работеше за сите, работеше и за Брвеница, и за Седларце, но работеше и за Челопек, и за Теново, и за Гургурница - изјави Мицкоски, кој беше на промоција на нови возила на Итната медицинска помош.
Според првичните официјални резултати на ДИК на предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, одѕивот изнесува 46,58 проценти, односно гласале 7.572 избирачи.
Најмногу гласови - 2.945 или вкупно 38,89 проценти од вкупниот број освои кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, Стојанчо Радичевски.
Второпласиран е кандидатот Аркин Јахиј од НАИ, кој освои 2.152 гласа или 28,42 проценти.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Има политичари во Македонија кои живеат во минатиот век во време кога зборуваме за вештачка интелегенција
-

Николоски: Инвестираме околу 11 милиони евра во проекти да обезбедиме повеќе можности за жителите на Карпош
-

Скопје под надзор: Ќе се постават над 200 низ градот за борба против дивите депонии и вандализмот
-

Кривична пријава за Јани Макрадули, поранешен директор на „Пошта“, поради злоупотреба на позицијата
-

Синдикалната минимална кошница за октомври надмина 70.000 денари
-

Мицкоски: Високо образование на мајчин јазик е неспорно, македонскиот е официјален јазик во правосудниот систем
-

Роналдо доби казна од 255 евра - пари кои тој ги заработува за само 39 секунди
-

Трамп: Ѝ дадовме многу на Украина, тие нам ништо не ни дадоа
