Македонија
22. April 2026 - 12:38

Акција за поголемо учество на жените во локалното одлучување

Под мотото „Активни жени, инклузивни општини“, Организацијата на жени од Струмица организираше акција на јавен простор преку која порача дека жените треба да имаат поголемо учество во процесите на локално планирање и одлучување, но и дека треба да бидат поактивни во застапувањето на женските права.

Преку симболична инсталација со пораки за еднаквост, учество и заедничко одлучување беше нагласено дека развојот на заедниците не може да биде целосен без активна вклученост на жените.

Од организацијата велат дека целта на ваквите настани е да се подигне свеста за значењето на женското учество во креирањето локални политики, како и да се поттикнат општините да развиваат и применуваат инклузивни практики што ги препознаваат потребите и на жените и на мажите.

Акцијата се реализира во рамки на проектот „Жените – Двигатели на промени во заедниците“, насочен кон зајакнување на улогата на жените како активни чинители во локалниот развој и креирањето поинклузивни општини.