Одложување на примената на ЕЕС-системот на грчките граници за македонските државјани во летната сезона бара Туристичката комора на ССКМ

Туристичката комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССКМ) официјално упати барање до Министерството за туризам на Република Грција за привремено одложување на примената на новиот Entry/Exit System (ЕЕС) на граничните премини за македонските државјани во периодот од 1 јуни до 1 септември 2026 година.
Иницијативата доаѓа по реакциите и укажувањата од туристичкиот сектор во земјата, кој предупредува дека евентуалната примена на системот во шпицот на летната туристичка сезона може да предизвика значителни застои на граничните премини со чекања од повеќе часови.
Ова, како што посочуваат туристичките работници, директно би влијаело врз квалитетот на туристичкото искуство, но и би можело да резултира со откажување на веќе резервирани аранжмани за летување во Грција.
-Грција е традиционално најзначајна туристичка дестинација за граѓаните на Македонија, а непречениот проток на патници е од суштинско значење за одржување на стабилноста и развојот на туристичката индустрија. Затоа бараме разбирање и разгледување на можноста за временско одложување на имплементацијата на системот во текот на најфреквентниот период - посочуваат од Туристичката комора при ССКМ.
Нагласуваат дека иницијативата е во насока на зачувување на добрососедските односи и поддршка на економската соработка меѓу двете земји, особено во делот на туризмот, кој претставува значаен сегмент за регионалната економија.
Туристичката комора очекува позитивен одговор од грчките институции со цел обезбедување непречено движење на туристите и успешна реализација на претстојната летна сезона.
Ослободување од ЕЕС-проверки при патување во Грција во текот на летните одмори побара и Националното здружение на туристичките агенции на Србија (ЈУТА). Повеќе од еден милион српски туристи, кои секое лето одат на одмор во Грција, се надеваат дека ќе ги избегнат километарските редици на граничните премини.
Грчката влада веќе одлучи дека британските граѓани нема да мора да поминуваат низ биометриски проверки при влегување во земјата како дел од имплементацијата на новиот европски ЕЕС за да се избегне можниот метеж на границите и аеродромите. Грција минатата година ја посетиле речиси пет милиони британски туристи.
МИА
Ново на Сител
-

Перез: Му посакуваме добредојде на еден од најдобрите тренери во светот - Мадридистот Жозе Мурињо
-

Без струја делови од Бутел и Кисела Вода
-

Истрага против двајца браќа, пробале да убијат човек поради недоразбирање во сообраќај во Шишево
-

Трамп: Нетанјаху нема друг избор освен да го прифати договорот со Иран
-

Почнува Петровденскиот (Апостолски) пост
-

Израелската армија најави продолжување на операциите на целата територија на Либан
-

Зеленски потврди: Абрамович беше во Киев со намера да пренесе порака до Путин
-

Предупредување од ЕК: Спорниот туристички проект може да го загрози патот на Албанија кон членство
