Македонија
1. May 2026 - 9:25

Премиерот Мицкоски во посета на Охрид, поставување камен темелник на катна гaража и увид на градежни работи „Кај Чинарот“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Охрид.

Како што најави владината прес-служба, во 12:00 часот Мицкоски ќе присуствува на поставување камен-темелник на изградба на катна гаража, позади Градскиот пазар.

Премиерот потоа ќе изврши увид на градежните активности на плоштадот „Кај Чинарот“, како и увид на проектот за пумпната станица „Метропол“.

 

МИА

Ново на Сител