Адвокатката на Дејан Јованов бара исклучување на јавноста и реакција на судот поради закани упатени кон него

Бранителката на првообвинетиот Дејан Јованов - Деко, адвокатката Ивана Коцевска, реагираше на изнесените директни закани по неговиот живот на минатото рочиште и бараше тоа да биде нотирано на записник.
На минатото рочиште дел од оштетените, додека одбраната на првообвинетиот пред Судот изнесуваше барање за укинување на притворот, реагираше бурно извикувајќи „пуштете го, ние да му пресудиме".
Коцевска, пред почетокот на судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 63, а повредени беа над 200 лица, реагираше и на, како што кажа „селективноста на мерките за обезбедување присуство, како и селективноста на прогон" на Обвинителството, кое, како што рече, по службена должност требала да поведе постапка по изнесените закани по живот.
- Изнесувам предлог за крајно неопходно исклучување на јавноста, со оглед дека Судот е должен да обезбеди ред и заштита на правата на обвинетите - рече Коцевска.
Судијката Дијана Груевска Илиевска, нагласи дека досега ниту една закана не е нотирани на записник, без разлика од која страна е.
- Прво ќе се опоменува, потоа ќе се исклучува и казнува. Се знае кога се исклучува јавноста, а тие во овој период не се јавност, туку оштетени во постапката. Ако има потреба може индивидуално да се исклучува - изјави судијката.
Обвинителството, реагираше на предлогот, посочувајќи дека се знае кога и во кои околност се исклучува јавноста.
- Предлот е целосно неоснован, како незаконит. Исклучувањето на јавноста не се однесува на странките и оштетените.
Во однос на гонењето по службена должност, обвинителката рече дека веројатно станува збор за забуна и треба да има предвид интензитетот на заканите и реалната можност за остварување.
- Во конкретниот случај беше правилно постапено од Судот, и беше изречена усна опомена - изјави обвинителката.
Одбраната на Јане Јанчевски и Мартин Георгиев на почетокот, исто така, изнесе барање за укинување на мерката куќен притвор, посочувајќи дека повеќе не опстојуваат причините за неговото определување.
Судот пред почетокот на денешната расправа информираше дека се одбиваат како неосновани барањата за укинување на мерките за обезбедување на Беким Хаџиу и Тодор Јованов.
Обвинителството на почетокот на денешното рочиште информираше дека добиле изјава од родителот на Дарио Трифунов, во која се вели дека неговиот син е во странство и нема да може да присуствува на денешното судење, како и во блиска иднина, а притоа, како што беше посочено, не остава никаква информација како да се контактира.
- Затоа предлагаме да се чита неговиот исказ, бидејќи ова лице како сведок е недостапно на органите на прогон - кажаа од Обвинителството.
Судот информираше дека, добиле известување од МВР дека и сведокот Александра Пепеларовска не е достапна на органите на прогон.
Денешната расправа продолжува си сослушување на директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков.
Обвинителството на минатото рочиште ги изведе обдукциските наоди и мислења од Институтот за судска медицина за причините на смртта на жртвите, како и медицинска документација и податоци за повредените кои се јавиле за укажување на медицинска помош по пожарот во кој загинаа 63, а повредени беа над 200 лица.
На минатото рочиште дел од оштетените, додека одбраната на првообвинетиот пред Судот изнесуваше барање за укинување на притворот, реагираше бурно извикувајќи "пуштете го, ние да му пресудиме".
Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Судењето го води судијката Дијана Груевска Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.
МИА
Ново на Сител
-

Станков: Кај 33 жртви од „Пулс“ пронајден цијанид – но не е причина за смртта
-

Чупиќ: Во оваа сала е многу тешко да се игра, сите не почитуваат
-

Работник тешко повреден од струен удар во Куманово
-

Кривична за четири малолетнички за ученичкото насилството Ѓорче Петров, пријави ќе добијат и нивните родители
-

Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков пуштен на условен отпуст
-

Одбележани 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев
-

Мицкоски: Mакедонија има прекрасни места за летување aко ЕЕС-системот претставува проблем
-

ЦУК: Ставен под контрола пожарот во Шуто Оризари, гореше машина за мелење железо
