Loading Video...
Свет
15. May 2026 - 12:08

Преглед на вестите од светот

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека односите меѓу САД и Кина се „многу силни“ за време на состанокот со кинескиот претседател Си

„Разговаравме за Иран. Се чувствуваме многу слично во врска со тоа како сакаме да му се стави крај. Не сакаме да имаат нуклеарно оружје. Сакаме теснецот да биде отворен. Сега го затвораме. Тие го затворија, потоа ние го затворивме врз нив, но сакаме теснецот да биде отворен. И сакаме да му се стави крај затоа што таму е лудо, малку лудо и не е добро. Не можат да го дозволат. Тие не можат да имаат нуклеарно оружје.“

„Решевме многу различни проблеми што другите луѓе не би можеле да ги решат“, рече Трамп.

Двајцата лидери се сретнаа во комплексот Џонгнанхај во Пекинг, поранешнта царска градина пред заминувањето од Кина, каде што еден од ретките гости е и рускиот претседател Владимир Путин.  

Околу 30 бродови поминаа низ Ормутскиот Теснец во текот на изминатата ноќ, изјави командант на Корпусот на гардата на Исламската револуција, пренесе ДПА. Иранскиот воен претставник нагласи дека транзитот и натаму е забранет за сите пловни објекти поврзани со „непријателски држави“.

Дел од бродовите што минале пловеле под кинеско знаме, но не прецизираше за колкав број станува збор. Оваа информација беше објавена на првиот ден од посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Пекинг. Прашањето за отворањето на теснината, која е од клучна важност за глобалната трговија со енергенси, беше вклучено во агендата на разговорите меѓу Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг.

Бројот на жртви во руските напади врз Киев во текот на изминатата ноќ се искачи на најмалку 12 загинати и 57 повредени, соопшти синоќа градоначалникот на украинската престолнина Виталиј Кличко. Тој наведе дека 27 од повредените се хоспитализирани во болниците во Киев. Клично претходно го прогласи петок, 15 мај, за Ден на жалост во спомен на жртвите од големиот руски напад врз главниот град на Украина.

„Детално истражуваме точно кое оружје - ракети и беспилотни летала ги користеле Русите овој пат. Според прелиминарните податоци, ракета Х-101 погодила зграда во Киев. Произведена е во вториот квартал од оваа година, што значи дека Русија продолжува да увезува компоненти за производство на ракети, потребни ресурси и опрема, заобиколувајќи ги глобалните санкции.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија во нападите на 13 и 14 мај употребила 1.567 дронови и 56 ракети од различни типови против Украина.