Македонија
19. May 2026 - 20:09

Како да се надмине родовиот јаз помеѓу мажите и жените?

Жените земаат за 13,5% пониски плати од мажите за исто работно место. На менаџерски позиции  пак застапени се под 30 отсто. Родовиот јаз помеѓу мажите и жените се уште е висок , сметаат од Алијанска за родова еднаквост и да се стигне европскиот просек ќе ни бидат потребни 123 години. Унијата има усвоено Директива која на големите компании им налага 40% од членовите во Управните одбори да бидат жени,  а 33 отсто на менацерски позиции.

-Бавно оди промената кон еднаквата застапеност на мажите и жените за исти позиции. Ако ме прашавте пред неколку години дали треба квоти – е речев не. Но сега сметам дека квотите се потребни, промената на законите е потребна, за да се намали оваа разлика, изјви Нина  Ангеловска  Станков, претседател на ГЕА

Од регионот Црна Гора е најблиску до европската регулатива, која треба во целост  да ја применат. Шведска пак е првата земја на листата, според уделот  на жени  на лидерски позиции.  Искуставата и пораките што може да се применат кај нас ги пренесе заменик амбасадорката во земјава.

-Да се остранат структурните бариери, да го поддржиме вработувањето на жените и згоелмувањето на приходите на жените. Она што моеж да го видиме ов Шведкса е дека силните полити правата разлика. Исто така гледаме дека промените бараат ввреме. Ништо нема да се случи преку ноќ. Дополнително, и најразвиени земји како шведска , с еуште не се совршпени и имаат простор за напредок, па затоа продолжуваме да работиме на овие прашања. И конечно мислам дека клучната порака е дека родовата еднаквост им носи придобивки на сите. Таа е добра за бзинисот  и мсилам дека тоа е главанат поента која треба да се запомни, изјави Елзиабет Делберг Фриск, заменик амбасадорка на Кралство Шведска.

Светскиот извештај за родовиот јаз за 2025 та година покажува дека има напредок кон родовата еднаквост, но тој е бавен и нерамномерен. Нашата земја е рангирана на 90 то место од вкупно 148 земји, додека во делот на економското  учество и можности се наоѓа на 119 та позиција .  На пазарот на труд  бројките покажуваат дека вработени се 18% повеќе мажи отколку жени.