СДСМ: Уште 4 дена до неисполнување на ветувањето на Христијан Мицкоски

Уште само 4 дена остануваат до 1 јуни - рокот на Христијан Мицкоски за исполнување на сите 10 точки од Реформската агенда.
4 дена до уште едно неисполнето ветување.
4 дена до нов доказ дека организираната криминална група ВМРО намерно ја блокира европската иднина на Македонија.
Од 10 клучни точки, за две години реализирани се само две, делумно.
Сега, за еден месец требаше да се завршат осум.
Тоа не се реформи, тоа се лаги.
Мицкоски не ги исполнува реформите затоа што не сака да ги исполни.
Не сака ЕУ, бидејќи европските реформи носат право и правда.
Не сака независно судство, не сака Европско јавно обвинителство.
Затоа не сака да ги внесе малцинствата во Уставот, кое е европско прашање, основно за поместување од мртва точка.
Затоа што тоа би значело правда и крај на неговата криминална заштита.
Наместо продолжување на европски пат, тој нè води во изолација.
Наместо реформи - нови лаги.
Уште 4 дена се доволни за да се види вистината:
Мицкоски не сака ЕУ. Тој сака власт без контрола и без одговорност.
Граѓаните веќе не веруваат во празни ветувања.
По признанието дека лажеле во кампањата за враќање на името, за Преспанскиот договор, дека јазикот, културата и македонскиот национален идентитет се загрозени, следи уште едно признание дека лажеле и за реформите.
На граѓаните им е јасно дека Мицкоски лаже за сè, ВМРО-ОКГ лаже за сè.
Реформи сега.
Малцинства во Уставот сега.
Европа сега.
Центар за комуникации СДСМ
Ново на Сител
-

Вашингтон воведува нови царински маржи за 60 држави, реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд
-

Украински напад врз магацин во Санкт Петерсбург, предизвикан голем пожар
-

САД и ноќеска извршија напади врз цели во Иран, Техеран соопшти за експлозии во повеќе региони
-

Почна трката за генерален секретар на ОН, шест кандидати дебатираа пред Генералното собрание
-

Арагчи: Опасен преседан најавите на Трамп за користење запленети ирански средства
-

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни
-

Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар
-

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел
