Николоски: Првите километри од автопатот Прилеп-Битола готови следната пролет, за еден месец меѓуградски воз помеѓу двата града
Следната пролет се очекува да бидат пуштени во употреба првите километри од новиот автопат Прилеп-Битола кој се гради со одлично темпо. Ова денеска го потенцираше министерот за транспорт и врски Александар Николоски, при посетата на општините Могила и Новаци. Автопатот ќе зчачи многу за економијата и развојот на целиот Пелагониски регион.
„Што многу ќе значи за движењето и економијата и поврзување покрај на Прилеп и Битола и на општините Могила и Новаци, потоа Ресен и Демир Хисар. Што многу ќе значи за заживувањето на овој регион, а исто така и за поттикот на економијата, имајќи предвид дека значаен дел од економијата во Македонија е токму во Пелагонискиот регион“, истакна Александар Николоски, министер за транспорт.
Во моментов за сообраќај во Пелагонија се користи стариот пат Прилеп-Битола, но поради тешките товарни возила и тесниот коловоз тој во моментов е многу оштететен и е небезбеден за ваков интензитет на сообраќај. За да се надминат гужвите по овој пат за околу еден месец се очекува да стартува градскиот воз помеѓу Прилеп и Битола.
„И можам да најавам дека крајот на јуни или почетокот на јули како што ветивме ќе биде воспоставена линијата помеѓу Прилеп и Битола, односно ќе има меѓуградски воз помеѓу двата града во термини кои најмногу ќе одговараат на граѓаните, по една симболична цена од 150 денари за да може што повеќе граѓани да го користат“, додаде Николоски.
Наскоро освен патничкиот сообраќај во Пелагонија треба да се обнови и железничкито карго сообраќај за кој што се доста заинтересирани поголемите компании во регионот кои доколку профункционира оваа идеја ќе имаат доста намалени транспортни трошоци.
„Тоа прво ќе помогне да се намали загадувањето, второ да ги заштитиме патиштата затоа што кога одат камиони со голем товар се оштетуваат патиштата. И трето да ја заживееме Железница. Од наша страна ги правиме сите потребни работи, железница инфраструктура постапува по сите барања на компаниите, исто така железница транспорт подготви локомотиви, тука ќе бидат дизел локомотиви, бидејќи овој дел не е електрифициран на железницата, така што за многу брзо ние ќе бидеме спремни, а потоа останува на копаниите да да ја користат железницата како начин за транспорт“, потенцираше Николоски.
Со овие инвестиции значајно би се подобрила инфраструктураата во Пелагонија која конечно после децении ќе престане да биде слепо во Македонија на овој план.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар
