Македонија
1. јуни 2026 - 15:52

Условна казна затвор за владиниот обезбедувач кој призна вина за семејно насилство врз сопругата

Основниот кривичен суд донесе пресуда врз основа на признание на вина за Р.Р., вработен како обезбедување во Владата, кој беше обвинет за кривичното дело „Телесна повреда“ по член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На денешното рочиште обвинетиот ја признал вината, по што Судот донел пресуда со која му е изречена условна осуда.

Согласно донесената пресуда, на обвинетиот Р.Р. му е утврдена казна затвор во траење од една година и шест месеци.

Оваа казна нема да се изврши доколку осудениот во рок од три години не стори ново кривично дело.

Правната завршница и пресудата се донесени врз основа на признанието на вина дадено од обвинетиот во текот на судската постапка.