Македонија
2. јуни 2026 - 16:33

Законот за заштита од употреба на тутун и сродни производи помина на Влада – Наскоро стапува на сила

Законот за заштита од пушење цигари помина на Владина седница. Пред да стапи на сила треба да се најде и пред пратениците каде ќе биде доставен со европско знаменце.

- Коресподентните табели веќе се спремнби до вечер ќе бидат до дефинирани и следниот чекор е законот да биде на седница во собрание и истиот да се изгласа.

- Очекувате ли пред распуштање на собранието за летниот одмор веќе да се изгласа и да стапи на сила?

- Дефинитивно, дефинитивно, бидејќи законот е усогласен веќе имаме 16 позитивни мислења од сите институции, беше инклузивен целиот процес и се надевам дека брзо ќе помине и низ административните процедури низ Собранието, изјави Азир Алиу, министер за здравство.

Со новиот закон освен класичните, се забрануваат и електронските цигари и останатите производи кои содржат тутун и никотин. Не само во угостителски објкекти, не смее да се пуши и во приватни фирми, јавни институции, автобуски и железнички станици, постојки за градски автобус, пазари и јавни места каде има повеќе луѓе, ниту во автомобил ако има малолетно дете. Цигара може да се запали на најмалку 20 метри од училишта, градинки, болници...Не смеат ниту да се рекламираат тутунски производи и на социјални мрежи. Угостителите ќе имаат рок од една година да ги прилагодат терасите кои треба да бидат отворени од најмалку 2 страни. 

- Тој не е закон против никого, бидејќи цело време се зборуваше дека е закон против пушење, туку е закон з азаштита на здравјето, особено заштита на децата, младите, работниците и сите кои имаат право на почист воздух во јавните и работните простории во државата, рече Алиу.

Казните за непочитување на законот се движат од 100 до 300 евра за физички лица, а од 2-5000 евра за фирми. 14 инспекции ќе казнуваат ако не се почитуваат законските одредби низ цела Македонија, а од Владата најавија дека нема да има повластени објекти, региони, ниту градови.