Трамп: Русија треба да се согласи на договор со Украина

Претседателот на САД, Доналд Трамп на Самитот на Г7 изјави дека Русија би требало да се согласи на договор со Украина.
– Видете, Русија треба да се согласи со договорот. Русија изгуби огромен број луѓе, како и Украина. Минатиот месец изгубија вкупно 35.000 војници, тоа е на месечна основа. Во просек изгубија 25.000 луѓе, претежно војници, млади, убави луѓе, и лудо е тоа што таму се случува – наведе Трамп.
Тој додаде дека утрово „имал многу добар состанок“ со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, и дека двајцата ќе се сретнат повторно во текот на денот.
Зеленски учествува на Самитот на Г7 на покана на францускиот претседател Емануел Макрон.
Претходно, Зеленски изјави дека заедно со американскиот претседател Доналд Трамп му предложиле на рускиот претседател Владимир Путин да одржат средба во САД. Зеленски истакна и дека заедно со Трамп и Макрон предложиле средбата со Путин да се одржи на маргините на Самитот на Г7.
– Со САД и со Франција разговаравме за можноста за средба со Русија на маргините на форумот на Г-7, со учество на сите демократски држави. Путин не го сака тоа – посочи Зеленски.
На тврдењата на Зеленски одговори портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков потенцирајќи дека Путин не добил официјална покана од украинскиот претседател да присуствува на Самитот на Г7.
– Во моментот нема официјални канали за комуникација помеѓу Киев и Москва – изјави Дмитриј Песков, при тоа повторувајќи дека Зеленски би можел да дојде во Москва на преговори.
Тој наведе и дека сè уште не се одредени датуми за посета на Москва од страна на претставникот на претседателот Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, за мировни разговори за украинското прашање.
Песков навести дека Виткоф и Кушнер би можеле да пристигнат во Москва по потпишувањето на меморандум за прекин на непријателствата меѓу САД и Иран.
Ново на Сител
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
-

Македонска државјанка се удави на Халкидики
-

ФФМ: Штетатa нанесена на ФФМ од 2015 година до 2019 година e повеќе од 2,5 милиони евра
-

Јаневска: Годинава се исплатени над пет милиони денари годинава за учество на меѓународни натпревари на ученици
-

Мицкоски: Вративме 4,6 милијарди евра стари долгови, проектираме економски развој
-

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд
-

Опожарена куќа во Бутел, нема повредени
-

Со „мерцедес“ бегал од полиција, удрил во дрво и избегал - во возилото биле пронајдени 12 мигранти
