Се надополнува кадарот во хотелско-угостителскиот сектор
Студентите,средношколците и пензионерите го надополнуваат недостигот на кадар во хотелско угостителскиот сектор.Тие помагаат во шпицот на сезоната но не можат целосно да го заменат искусниот кадар што со години работел во кујни, ресторани и хотели бидејќи најкритичните работни места бараат знаење, рутина и одговорност.
Паралелно, угостителите се соочуваат и со прашањето на странската работна сила, но искуствата се различни. За некои тоа е решение, за други дополнителен трошок и административен процес, особено ако работниците не се задржат доволно долго.
Законот за работно ангажирање, кој започна да се применува од 1 јануари, овозможува сезонско пријавување на лица во угостителството, земјоделството и услужните дејности.
Со него се опфатени млади, невработени, пензионери и лица од социјално ранливи категории, кои ќе можат да работат и дополнително да заработуваат без да ги изгубат постојните права и бенефиции.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
