Македонија
25. јуни 2026 - 9:15

Најмногу дожд наврнало во Гевгелија, нестабилно време се очекува и денеска во попладневните часови

Од Управата за хидрометеоролошки работи утрово информираа за состојбата со наврнат воден талог за изминатите 24 часа, до 8 часот денеска. Дваесет литри на квадратен метар наврнало во Гевгелија, 14 во Претор, 4 во Тополчани, 3 во Скопје-Петровец, како и 1 во Охрид, Струмица, Штип, Кавадарци.

- Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената - појаснија од УХМР.

Оттаму најавија дека во попладневните часови можна е изолирана појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер.

- Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 36 Целзиусови степени - соопштија од УХМР.

Во Скопје, исто така се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Максималната температура ќе биде до 33 Целзиусови степени. 

 

МИА