Македонија
25. јуни 2026 - 12:18
Стартува Охридскиот вински фестивал
Вечерва стартува петото издание на фестивалот на виното .Три дена охриѓани и туристите ќе имаат можност да уживаат во дегустација на квалитетни вина, закуски и богата музичка програма.
Охридскиот вински фестивал станува попрепознатлив белег на туристичката понуда на Охрид и оваа година ќе понуди вистинско уживање на брегот на Охридското Езеро, пред самиот старт на летната сезона.
Според проценките од организаторите во тие три дена од 50 до 100 илјади посетители присуствувале на манифестацијата .
Кеј Македонија ќе биде простор за дегустација, прошетка, средби со пријатели и уживање во тридневна содржина што дополнително го збогатува летниот календар на Охрид.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
