-->
-->
Macedonian Open 2026: Шест македонски тенисери во првото коло
-->

Со натпреварите од воведното коло претпладнево официјално стартува турнирот М25 Скопје Macedonian Open 2026.
На терените на ТК „Југ“ ќе се појават шест македонски тенисери.
Калин Ивановски учеството го избори со пласманот, додека организаторот „вајлд карти“ им додели на Стефан Мицов, Амар Хусеиновиќ, Обрад Марковски и Кристијан Јанев. На оваа петорка им се приклучи и Горазд Србљак, кој извојува три победи во квалификациите и влезе на главниот турнир.
Турнирот во Скопје од серијата М25 се игра за награден фонд од 30.000 долари.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајна несреќа синоќа во Ласкарци - три лица се повредени
-

Над двеста илјади корисници без струја на Хаваи по налетот на урагант „Лала“
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Армијата одбележува 34 години од формирањето
-

Активни четири пожари, три се под контрола
-

ЕУ наесен подготвува најсеопфатен пакет санкции против Русија досега
-

Епидемијата на ебола во Конго стана најсмртоносна во историјата на земјата
-

Денес времето ќе биде сончево и топло до 38 степени
