Македонија
8. July 2026 - 12:15

Локалитетот „Баргала“ можеби „крие“ постара историја

На 500 метри од локалитетот „Баргала“, од левата страна на Козјачка река откриена е и доцноантичка некропола. Локалигтетот е познат како „Џамалџиски гробишта“ кој се простира на површина од околу 5 хектари, а се претпоставува дека гробовите потекнуваат од 4-иот до 6-иот век.

-Откриени се 7 до 8 гобови, односно едно мало гробче со мала индивидуа според коските, меѓутоа недостасуваат наодите, што значи дека немаме досега откриено монети и некои други предмети кои ќе укажат на точнуот период, освен фрагментирана кераамика. Но,  самата керамика укажува на тој пероид, како и типовите на гробовите кои соодејствуваат на доцната антика, изјави Мите Штерјов, археолог, Завод-Музеј  од Штип.

Дополнителните антрополошки и научни анализи треба точно да ги датираат гробните наоди. Археолозите кои работат на терен сметаат дека на ова место има постара некропола, што ќе значи дека реонот бил населен уште пред да биде основан градот Баргала.

-Можеби овде ќе се пронајдат и постари гробови, можеби ќе го вратиме периодот малку поназад, бидејќи во околината на овој простор имаме и железодобски населби и железодобски гробишта. Со понатамошните истражувања ќе можеме назад да се вратиме на оваа локација, дека животот постојал многу порано, не само од третиот и четвртиот век кога Баргала почнува д аопстојува како цивилна населба, додаде Штерјов.

Подоцна Баргала прераснува во значаен верски, административен и трговски центар, а бил и седиште на епископија.