Покачувања на цените во рестораните и кафулињата
Во екот на сезоната кога градот е исполнет со гости од сите краеви ширум светот повторно се актуелизира прашањето околу цените.Угостителите велат Охрид останува привлечна дестинација долж охридската ривиера цените се различни во зависност од понудата квалитетот и локацијата на локалите.
Заменик министерот за економија Ристески потенцира дека превисоките цени можат негативно да се одразат врз туристичката сезона, ценовната политика мора внимателно да се балансира за да не се наруши конкурентноста на туристичката понуда.
Инаку според податоците на државниот завод за статистика Цените на угостителските услуги во јуни 2026 година во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 2.6 %.Покачувања има кај храната алкохолните и безалкохолните пијалоци и ноќевањата.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
