Преглед на вестите од светот
Доналд ТРамп ја врати поморската блокада на сите ирански пристаништа и, во интервју за Фокс њуз, се закани со уништување на иранските електрани и мостови следната недела доколку Техеран не ги продолжи преговорите. Иранскаат страна е информирана за нашите планови рече шефот на Белата кука . И во април Трамп се закани дека ќе бомбардира цивилна инфраструкутруа во Иран, вклучувајки мостови и електрани а ОН тогаш го потсетија дека според меѓународното право, намерните наапди врз цивили и цивилна инфраструкутура претставуваат воено злостортсво.
- Следната недела ќе стане навистина лошо за нив бидејќи следната недела доаѓаат електраните, следната недела доаѓаат мостовите. Ќе ги срушиме сите нивни електрани. Ќе ги срушиме нивните мостови освен ако не седнат на маса и не преговораат, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Новинар: Дали верувате дека Иранците се сериозни во врска со склучувањето договор?
Мислам дека немаат избор.
ТРамп објави и дека ќе ја замени таксата од 20 проценти со која претхнодно се закани за премин низ Ормумтскиот теснец со огромни трговски и инвестициски договори со земјите од Заливот. Во мегувреме, Револуционерната гарда на Иран соопшти дека Ормутскиот теснец ќе остане затворен сè додека САД не ги прекинат своите „акти на агресија“ и рече дека и другите регионални канали за извоз на нафта и гас би можеле да бидат затворени. Не прецизираше кои правци би можеле да бидат засегнати. САД и Иран денеска продолжија со меѓусебни наапди, при што Вашингттон соопшти дека погодиел десетици ирански воени цели, додека Техеран објави дека нападнал американски бази во Јордан, Кувајт и Бахреин.
Европската Унија и Украина склучија партнерство за заедничко производство на дронови со цел со цел да се спојат индустриските капацитети на ЕУ со борбеното искуство што Украина го стекна за време на повеќегодишната војна со Русија. Договорот во Киев го претставија Урсула фон дер Лајен и Володимир Зеленски. Шефицата на ЕК нагласи дека војната покажала колку е важно земјите да располагаат со модерни технологии и опрема што се проверени во реални борбени услови.
- „Значи, поентата што ја истакнувам е дека треба да ги комбинираме нашите силни страни. Заедно, можеме да работиме на заедничко производство, на тоа сите компоненти на системот да функционираат и можеме да им обезбедиме на двете одбранбени индустриски бази поттик потребен за решително зголемување на инвестициите и производството, изјави ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА, УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЈЕН.
И сега можеме да кажеме дека произведуваме 10 милиони дронови годишно… (аплауз)... 10 (милиони). И ќе бидат 20 (милиони), ќе го постигнеме ова заедно со нашите партнери, докажувајќи уште еднаш го успехот на одбранбената индустрија - украинска, партнерска и европска, изјави Володимир Зеленски, претседател на Укриана.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
