Иран нападна цели во Бахреин и Кувајт по новите американски удари и поморската блокада

Иран ноќеска изврши напади врз Бахреин, Кувајт и Јордан, откако САД ја обновија поморската блокада на иранските пристаништа и ги засилија воздушните напади.
Ирански медиуми јавуват дека противвоздушната одбрана во Техеран била активирана за да одговори на, како што се наведува, „непријателски закани“.
Американските сили синоќа извршија напади врз ирански крајбрежни утврдувања и ракетни бази по повторното воведување на поморската блокада на иранските пристаништа. Техеран возврати со предупредување дека може да затвори и други клучни поморски правци, оценувајќи го конфликтот како „егзистенцијална војна“ со САД.
Според Централната команда на САД (CENTCOM), американските сили во два бранa погодиле ирански крајбрежни одбранбени позиции, складишта и лансирни рампи за крстосувачки ракети во близина на Ормуската Теснина. Американски претставници соопштија дека целта е повторно воспоставување на слободната пловидба и уништување на клучни ирански воени капацитети.
Иранските медиуми јавија за напади во повеќе делови од земјата, како и на островот Кешм.
Претседателот на иранскиот Парламент и главен преговарач со САД, Мохамад Багер Галибаф, изјави дека Иран води „решавачка, егзистенцијална војна“ со САД и порача дека безбедноста на Ормуската Теснина ќе се одредува според ирански правила.
Иранската револуционерна гарда соопшти дека извела напади врз американски воени цели во Бахреин, Кувајт и Јордан, најавувајќи дека следната фаза ќе биде насочена кон уништување на американската воена инфраструктура во регионот.
Кувајтските вооружени сили соопштија дека пресретнале четири ракети и 21 дрон лансирани од Иран. Во нападот е причинета материјална штета, но нема повредени. Јорданската армија, пак, соопшти дека денеска соборила осум ирански ракети, при што нема жртви ниту материјална штета.
Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Иран многу брзо ќе биде поразен“ и дека Техеран „очајно сака да постигне договор“.
„Ќе видиме дали ќе постигнеме договор или едноставно ќе завршиме со нив“, рече Трамп на форум на американската одбранбена индустрија во Пенсилванија.
И покрај продолжувањето на борбите, Трамп соопшти дека Иран и дозволил на американско-иранската државјанка Дена Карари, која беше обвинета за шпионажа и со месеци немаше дозвола да ја напушти земјата, да отпатува за САД. Нејзиниот адвокат потврди дека таа веќе е на пат кон Соединетите Американски Држави.
МИА
Ново на Сител
-

МВР со детали за тепачката: 13-годишник избодел тројца, меѓу нив и детето кое се бори за живот
-

По триесет години „Кифи Ди“ прогласен за виновен за убиството на Тупак Шакур
-

Приведен 34 годишник од Инџиково, при претрес пронајдени се дрога и дигитална вага
-

13-годишното дете избодено со нож и претепано со палки – лекарите се борат за неговиот живот
-

Јаневска до учениците: Учете вредно за да знаете, бидете пријатели со другите деца
-

Герасимовски: 551 прваче денес го започна своето образование во осумте основни училишта во Центар
-

Јамал стана најмладиот фудбалер кој достигна 50 гола во врвна европска лига
-

Бројот на жртви од поплавите во Непал и Кина надмина 1.000
