Македонија
22. July 2026 - 16:31

Невремето предизвика големи штети врз земјоделските посеви во Струмичко

Силното невреме што вчера зафати поголем дел од државата не ги поштеди ниту земјоделците во струмичкиот регион. Искинати пластеници, уништени конструкции и  посеви ,ваква е сликата ден по невремето. Земјоделците велат дека на дел од површините родот е речиси преполовен, а за да го спасат она што останало ќе мора да вложат дополнителни средства.

На терен со земјоделците денеска беше и министерот за земјоделство, Борче Серафимовски. Најави дека министерството  заедно со останатите надлежни институции  ќе ги преземе сите неопходни мерки за да им помогне на производителите што побрзо да се санираат последиците од невремето.

Градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, ги повика земјоделците што побрзо  да ги пријават штетите за општинската комисија да може  да излезе на терен и да изврши проценка. Во меѓувреме, сите општински служби интензивно работат на расчистување и нормализирање на состојбата.

Освен во Струмица, значителни штети се регистрирани и во останатите општини од струмичкиот регион. Покрај земјоделските посеви, невремето предизвика оштетувања и на дел од локалната инфраструктура,