Македонија
24. July 2026 - 16:30

Комисија за заразни болести - по црвените инфекции може да се појави и жолтица во Гостивар

За десет дена 3850 госиварци побарале лекарска помош поради стомачни тегоби. И покрај трендот на намалување на бројките на прегледи, се уште има болни кои со дијареа и повраќање се обратиле во болницата и здравствениот дом. Додека надлежните на терен работат и ветуваат што поскоро технички исправна а потоа и чиста вода што ќе тече од чешмите, состојбата ја следи и Комисијата за заразни болести која е советодавно тело на министерот за здравство. 

- Златен стандард по однос на бактерии е копрокултурата. Како што сте известени од министерот и од другите релевантнни институции, вие знаете дека копрокултурата сега за сега кај сите пациенти е негативна. Што значи тоа, да, имаме присуство и на бактерии и на вируси но кој е виновникот тоа до сега во светот никој не го кажал при вакви хидрични епидемии не очекувајте дека некој ќе го даде тој одговор сега за сега, изјави д-р Жаклина Шопова, претседател на Комисија за заразни болести. 

Доктор Шопова која е инфектолог вели дека не смее да има опшуштање и кај жителите на Гостивар и кај здравствениот систем бидејќи при вакви епидемии може и подоцна да се појават цревни болести но и други заразни заболувања. 

- Ние како комисија алармиравме на време да не се опушти здравствениот сситем, дека можно епокрај овие цревни причинители, да имаме појава и на хепатит А и на хепатит Е за што нормално благовремено е известено Министерството за здравство и останатите здравствени власти во државата, вели д-р Шопова. 

Како што вчера информираше министерот за здравство, астровирус и шигела се најчестите вируси и бактерии изолирани кај гостиварци, но не се идентични кај сите и затоа не може да донесат генерален заклучок.
Петти ден како е прогласена епидемија во Гостивар и граѓаните додека не добијат официјално известување од надлежните, за никакви потреби не смеат да ја користат водата од чешмите.