Петмина со западно-нилска треска хоспитализирани на Инфективна – Еден во критична состојба
Седумдесет и шест годишен скопјанец со потврдена западно нилска треска, се бори за живот на Клиниката за инфективни болести. Сместен е на одделот за интензивна нега и е на респираторна поддршка. Во епидемиолошката анкета е наведено дека не патувал надвор од државата, а коморбидитетите се причина што вирусот предизвикал компликации. На инфективна на болничко лекување се уште четворица со вест најл вирусот, сите над 60 годишна возраст.
- Кај сите што се хоспитализирани има вирусно воспаление на мозокот и мозочните обвивки. Симптомите се висока температура, силна главоболка, конфузност, изјави д-р Фадил Цана, директор на Клиника за инфективни болести.
Од хоспитализираните најголем број не патувале надвор од земјата и заразата ја добиле дома од инфициран комарец. За ваквата состојба веќе заседаваше и Комисијата за заразни болести, а ДСЗИ добил препорака да ги провери општините околу обврската за дезинсекција.
Инаку симптомите најчесто се јавуваат 14 дена по каснувањето а најголем број поминуваат и без да знаат за присуството на вирусот.
- Лесна клиничка слика, други асимптоматски а најтешката форма е неуроинвазивната како што има кај хоспитализираните. Тоа е 1 процент од сите случаи, но за жал кај нас се зачестуваат, вели д-р Цана.
Министерот за здравсто вели дека најважна е личната заштита со соодветна облека и без престој покрај затоени води, но и внимателност при патување во ендемски земји.
- Од минатата година во програмата на трансфузиологија покрај хепатит, хив е и вирусот на западно нилска трерска како стандардно терстирање на крвта од април до октомври за да се избегне евентуална трансмисија преку дарување на крв, вели Сашо Клековски, министер за здравство.
Покрај петте хоспитализирани, годинава има уште три случаи на западно нилска треска во мај и јуни, кои исто така биле хоспитализирани.
Последните 12 години, во 2026 има најмногу регистрирани случаи со вест најл вирусот.
Изминатиот период на Инфективна на болнички третман имаше и заразени со денга, маларија и зика од кои најголем број патувале на Малдиви и Занзибар.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
