Надминат проблемот со откупот на млекото
Проблемот со откупот на млекото е надминат и откупот повторно се одвива без прекини, тврди министерот за земјоделство Борче Серафимовски. По реакциите и протестите на сточарите од Пијанец, тој посочува дека се реализирани средби и разговори со млекопроизводителите и млекарниците на кои е пронајдено решение, со што производителите повторно можат непречено да го предаваат млекото.
-Имав средба и со млекопроизводителите и со млекарниците, кои што го откупуваат млекото. Проблемот го надминавме, продолжи откупот на млекото, бидејки дојде момент кога беа загрозени сточарите, односно нивното млеко да остане и да не може да го предадат на откупните центри. Така да направивме средба со нив, ги собравме сите информации и проблематики, а воедно се оствари средба и со млекарниците од тој регион, кааде што ние како држава и влада пристапивме кон помош на млекарцниите за пласирање на своите млечни производи кои што ги има во исклучително големи залих, со што направивме еден баланс за да може да продолжи откупот на млеко, изјави Борче Серафимовски, министер за земјоделие.
Следен предизвик, според министерот, останува откупната цена на млекото. Тој вели дека се разгледуваат можности за нејзино зголемување, но потенцира дека тоа зависи од повеќе фактори.
-Нормално цената на млекото исто така зависи од квалитетот на млекото, но ние се трудимие да видиме колку што можеме да ја зголемиме цената на млекото, бидејки сепак тоа зависи од многу фактори, додава Серафимовски.
Дали договорените мерки ќе донесат трајна стабилност во откупот и дали сточарите ќе добијат повисока откупна цена, ќе се види во периодот што следува.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
