Македонија
6. August 2026 - 12:13
Онколошките пациенти бараат редовна терапија
Онколошки пациенти од пред Министерството за здравство уште еднаш побараа редовно да добиваат терапија откако изминатиов период болни од рак на дојка и дебелео црево останаа без потребните лекови.
Во моментот тие се обезбедени и наредните денови пациентите ќе бидат повикувани да ја примат терапијата, велат од Здружението Хема Онко. Од Клиниката за онкологија пак во писмен став уверуваат дека исто така проблемот е надминат и изминатите денови не било доведен континуитетот и квалитетот на лекувањето на пациентите.
-->
-->
