Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
Една чаша вода на секои 15 минути да пијат лица кои престојуваат подолго време на отворено и имаат интензивна физичка работа. На пеколните горештини најважна е хидратацијата на телото но и почитување на основните препораки за заштита, стои во препораките на Инситутот за јавнo здравје.
Оние кои поради обврски мора да излезат и на пладне кога е најтопло, но и долгото чекање на автобус на постојките, може да биде освежено со вода која овие денови ја делат тимови на Црвен крст на град Скопје. За три дена поделие над 12 000 шишиња со вода а знаат да им посочат и на граѓаните на што да внимаваат.
-Да се избегнува излегување кога е најтопло во периодот од 11 до 17 часот, да се носи светла обелка, да се носи капа и наочари, да се пие вода за да бидеме рехидрирани цело време, вели - Арѓенд Чиљафи од Црвен Крст на град Скопје.
Во лето при високи темепратури, течностите треба да се внесуваат редовно во текот на целиот ден а не само кога чувствуваме жед. Најдобар начин за хидратација е водата.
Да, пијам многу вода бидејќи е многу топло. Дали ги почитуваш советите на докторите? Да пијам многу вода бидејќи е топло и не сакам да добијам температура. Да пијам многу вода, бидејќи и вежбам, треда постојано да сум хидриран. Пијам по 3 лирина ден. Да ги слушам препораките, еве, сега ќе одам под сенка, велам граѓани.
Во време на пеколни горештини, Црвен Крст на град Скопје не ги заборава и најранливите групи, како што се бездомниците, старите и пензионерите.
-Тука се и редовните прегледи од страна на нашите сестри на оние групи кои се најранливи како пензионерите и старите лица. Нашите колеги имаат зголемен обем на работа околу посетите на старата популација, вели Чиљафи.
Поради високите теператури зголемен обем на работа има и Брзата помош а на Клиниката за неврологија е неколкукратно зголемен бројот на пациенти со мозочни удари, колапси и вртоглавици.
Топло време ќе има и во следните денови и затоа треба доследно почитување на советите на лекарите.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
