Македонија
9. August 2026 - 16:28
Охрид со бројни настани привлекува посетители
Oхрид го одбележува заштитникот на градот Свети Климент Охридски.Со богата духовна ,културна и научна програма градот чествува 1110 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски и 1140 години од основањето на Охридската книжевна школа.
Градот под Самоиловата тврдина деновиве е културна ризница на настани .Бројните манифестации и фестивали ја збогатуваат понудата и привлекуваат посетители од сите краеви ширум светот.
Добрите познавачи сметаат дека културните настани и манифестации оставаат свој печат и играат клучна улога во туризмот тие го промовираат не само градот туку и помалите туристички населби.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
