Шумски пожар уништи десетици домови во американската сојузна држава Невада

Пожарникарите кои се борат со шумскиот пожар во американската сојузна држава Невада кој брзо се шири, соопштија дека пожарот е локализиран 27 проценти.
Таканаречениот пожар „Хок“ (Hawk Fire) на ридестиот терен на периферијата на Рино уништи 32 дома и оштети уште шест, според првичните проценки. Началникот на противпожарната служба Ричард Едвардс предупреди дека бројките најверојатно ќе растат.
Пожарот брзо се прошири од саботата, а според последните податоци зафати повеќе од 6.000 хектари. Седум лица, од кои тројца пожарникари, се повредени, соопштија властите, пренесе ДПА.
Во пикот на пожарот, за околу 42.000 луѓе беше издадена наредба за евакуација, додека на други 45.000 им беше речено да бидат подготвени да ги напуштат своите домови доколку е потребно. До понеделникот, наредбите за евакуација засегаа околу 23.000 жители.
Пожарот бил предизвикан од човечки фактор, соопштија пожарникарите, без да дадат повеќе детали. Истрагата е во тек.
МИА
Ново на Сител
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
-

Кремљ: Американската идеја за слободна економска зона во Донбас е тешко остварлива
-

Њујорк тајмс: САД ги враќаат дипломатите во претставништвата на Блискиот Исток
-

Тригодишно девојче тешко повредено откако лифт ненадејно се отворил и затворил
-

Пијан велешанец и се заканувал на поранешната сопруга, измерени му се 2,14 промили алкохол во крвта
-

26-годишник од Тетово на сила одзел електричен тротинет од малолетник
-

Македонија и Косово ја продлабочуваат царинската соработка за побрза трговија и посигурни граници
