На Исланд референдум за продолжување на преговорите со ЕУ

Исланѓаните денеска на референдум треба да се изјаснат дали да продолжат пристапните преговори со Европската Унија.
Граѓаните треба да одговорат со „да“ или „не“ на прашањето: Треба ли Исланд да ги продолжи пристапните преговори со ЕУ?
Ако поголемиот број гласачи одговорат со „да“, потоа на нов референдум ќе се изјаснат дали се членство во ЕУ, а ќе биде потребна и измена на Уставот, како и ратификација на договорот од земјите-членки на ЕУ.
Исланд во 2009 година аплицираше за членство во ЕУ, една година откако финансиската криза во 2008 година доведе до колапс на нејзините банки и економија. Преговорите за пристапување почнаа во 2010 година, но беа прекинати во 2013 година кога на власт дојде евроскептична влада.
Но, по руската инвазија врз Украина и заканите од американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на соседен Гренланд, Исланѓаните повторно размислуваат за приклучување кон ЕУ. Исланд е стратешки лоциран во субарктичкото подрачје, нема армија и зависи од НАТО и билатералниот договор со САД од 1951 година за одбрана.
Според вчера објавените резултати од анкета на Галуп, 51,6 проценти од Исланѓаните се против продолжување на преговорите, додека 48,4 проценти ги поддржуваат.
Анкета беше спроведена од 24 до 27 август на 4.583 испитаници.
Исланд веќе е дел од единствениот европски пазар, Шенген-зоната и Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА) заедно со Норвешка и Лихтенштајн, но нема формално влијание врз развојот на ЕУ.
Со членството во ЕУ Исланд директно ќе учествува во донесувањето одлуки во институции како што се Европската комисија, Советот на ЕУ и Европскиот парламент. Исто така, Исланд со тоа би влегол во царинската унија на ЕУ и би добил можност да го усвои еврото.
Ако Исланѓаните позитивно одговорат на референдумското прашање, според исландското Министерство за надворешни работи преговорите за пристапување би можеле да започнат кон крајот на 2026 година и да бидат завршени во рок од 18 до 24 месеци.
Ново на Сител
-

ДЗС: Отстранети гранати од минатите војни во атарот на село Мегленци во Новаци - предел што бил зафатен од пожар
-

Муцунски од Израел: Директна авиолинија Тел Авив–Скопје или Охрид, унапредување на соработката во туризмот
-

ЦУК: Пет пожари активни, еден под контрола
-

Бројот на жртвите во поплавите во Непал се искачи над 600
-

Зеленски се закани дека ќе ја нападне Русија со 1.000 дронови дневно
-

На Исланд референдум за продолжување на преговорите со ЕУ
-

На Исланд референдум за продолжување на преговорите со ЕУ
-

Денес се празнува Преподобен Јоаким Осоговски
