Македонија
9. September 2026 - 12:23

Дејвид Гета го наполни Градскиот стадион во Скопје, илјадници граѓани уживаа во неговите најголеми хитови

Светла, илјадници луѓе и музика во еден ритам.

Скопје синоќа пулсираше во знакот на Дејвид Гета, кој со своето шоу приреди спектакл пред повеќе од 50 илјади посетители на градскиот стадион.

Публиката која го наполни целиот стадион ја сочинуваа различни генерации, млади, родители, пријатели и семејства, обединети во најголемите хитови на францускиот диџеј.

Енергијата зпочна да се загрева уште пред главниот настап, а по музиката на Sempre и дј Никифор, на сцената се појави Гета.

Со препознатливите хитови, моќниот звук, светлосни ефекти и огромната сценска продукција, арената за неколку часа се претвори во музички спектакал.

За дел од публиката ова беше повеќе од концерт – искуство кое долго ќе се памети.

Од Аволон велат дека е неверојатно тешко да се организира настан од вакви размери, но таков и доликува за роденднот на Македонија.

Настапот на Гета беше воедно и завршница на големиот циклус на настани организирани по повод 35 години независнст на Македонија.

Неговиот настап се одржа под силно полициско обезбедувањe при што се приведени пет лица за нарушување на јавниот ред и мир.

Ве информираме дека целиот настан, од безбедносен аспект, помина во најдобар ред. Обезбедувањето беше успешно реализирано, сообраќајниот режим се одвиваше непречено, а протокот на посетители пред, за време и по завршувањето на концертот се одвиваше без поголеми проблеми и застои. Регистрирани беа две нарушувања на јавниот ред и мир, истите веднаш се расчистени при што приведени се пет лица, велат од МВР.

По ноќта исполнета со музика, радост и илјадници граѓани кои ја славеа независноста на Македонија, грижата за Скопје продолжи во раните утрински часови, информира првиот човек Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

„Веднаш по завршувањето на светскиот спектакал, екипите на Град Скопје започнаа со расчистување на отпадот околу стадионот и во градскиот парк. Со многу посветеност и труд се погрижија зд големата прослава да останат убавите спомени, аутрово просторот повторно да биде чист и уреден“, напиша градоначалникот на ФБ.