Македонија
9. September 2026 - 16:35

Истражување - Македонските ученици се полуписмени

Тројца од четворица 15-годишници во Македонија не разбираат што читаат. Едно од три деца нема основни познавања по математика а исто толку се необразовани и по природни науки.   Овие поразителни и алармантни податоци се содржани во последниот извештај на програмата за меѓународно оценување на учениците – ПИСА. Со ова земјата е речиси на на дното во Европа. Македонија е далеку под просекот на Писа и резаултатите се полоши од истражувањето во 2022. За министерката за образование, претходните реформи се причина за ваквиот епилог.

- За жал се повторно многу лоши, но сакам да потенцирам дека ова се резултати од реформите што се претходно направени, ние на власт дојдовме во 2024 година, само шест месеци потоа во 2025 се направени овие тестирања, изјави Весна Јаневска, министер за образование и наука

Удел за ваквата состојба имаат и родителите. Во извештајот на ПИСА ,  67 проценти од учениците одговориле дека од семејството барем еднаш неделно ги прашуваат што учеле, што е помалку од процентот во 2022. Но не е исклучено и користењето на вештачката интелегенција, социјалните мрежи и користењето на телефоните. А како да се подобри лошата слика за македонските ученици? 

- Ќе се справуваме на класичен начин, она што постојано го промовираме: децата мора да научат да пишуваат и читаат на традиционален начин, да ги развиваат својата моторика и својот ум, а наставниците треба да ги научат како да ја користат технологијата во правец на критичко размислување, критичка анализа., вели Јаневска

ПИСА извештајот го вклучува алармот и за концентрацијата во училница како и редовноста на настава. 

И покрај поразителните податоци за македонските ученици, истражувањето кое опфатило 760 000 ученици од 91 земја, покажува дека светскиот образовен систем во целина оди надолу. Послаби резултати на учениците има Англија, Шпанија, Турција а Македонија во регионот е претпоследна, зад нас е само Косово.