Македонија
17. September 2026 - 16:32

На Неврологија хоспитализиран пациент со пост западно-нилски синдром

Од Инфективна пациент по прележување на акутната фаза на западно-нилска треска заврши на Неврологија. Веќе два дена е хоспитализиран на клиниката поради можни компликации од вирусот. Со неколку дијагностички процедури кои се во тек, невролозите проверуваат дали проблемите со нозете потекнуваат од тешката невроинвазивна форма на болеста што ја имал. 

 - На 15-ти овој месец 75 годишен пациент е трансвериран од Инфективна кај нас на клиникаљ со сомнежи за невролошки компликации по прележување на западно-нилска треска. Морам да кажам дека пациентот е во добра општа состојба и е надвор од животна опасност. Во тек се испитувања, направен е план за понатамошно лекување и доиследување, поплаката е за слабост во долните екстремитети и тоа од лесен степењн, пациентот е подвижен, вели асс.д-р Јован Божиновски, директор на Клиника за неврологија.

Освен овој пациент кој е хоспитализиран, на Неврологија изминатиот период имале уште двајца скопјани кои по напуштање на Инфективна се обратиле на клиниката поради невролошки симптоми, но биле само амбулантски третирани.

Невролозите велат дека дел од компликациите по западно-нилска треска можат да бидат сериозни и опоравувањето да траес о месеци, но засега немале таков случај. Засега незнаат колку ќе трае хоспитализацијата на 75 годишниот маж.

- Не можеме да претпоставиме како ќе се развива понатамошната клиничка слика кај пациентот. Таа може да биде од подобрување и повлекување на сегашните симптоми до потенцирање и влошување. Анамнезата покажува дека слични тегоби имал и пред неколку години и може  и да не се поврзани со западно-нилската треска туку сега е потенцирано. Но како и да е, да не оставаме на случајности и затоа е направена хоспитализацијата, вели д-р Божиновски.

На Инфективна се хоспиализирани 9 ациенти од кои двајца се на одделот за интензивно лекување. 

Досега со западно-нилска треска има 61 потврден случај а 8-мина починаа.