Македонија
22. September 2026 - 19:57

Пожар во деловни простории во кругот на Железара

Голем пожар попладнево избувна во објкет на фабриката железара во кој имало складирано железарија.Пријавата пристигнала во 17 часот, а  за неколку минути пламенот брзо се прошири, па густиот чад се гледаше од повеќе населби низ главниот град. На терен интервенирале 20 пожарникари со 9 противпожарни возила, кои за 1 час пожарот целосно го изгасија. Причинета е материјална штета, но причината за пожарот засега не е позната.