Герасимовски: Финишираме со „Ленинова“, се реконструираат последните 250 метри од сообраќајницата

Општина Центар ja реконструира последната фаза од улицата Ленинова, на потегот од крстосницата со улицата Илинденска до објектот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во тек се градежни активности на последната делница во должина од 250 метри.
Со реконструкцијата се предвидува уредување на коловозот и на пешачките површини, поставување нови рабници, подигнување и нивелирање на сливниците и уличните шахти, како и реконструкција на мрежата за јавно осветлување. Предвидено е и поставување ново урбано зеленило, соопштија утрово од локалната самоуправа.
Како што се истакнува, со оваа фаза се комплетира целосната реконструкција на „Ленинова“, со вкупна должина од над 600 метри, со што улицата добива уреден, функционален и современ изглед, приспособен на потребите на жителите, пешаците, велосипедистите и возачите.
- „Ленинова“ е важна сообраќајна артерија што го поврзува централното градско подрачје. Во програмата ветив обнова на патната инфраструктура во Центар и тоа ветување се остварува. Со оваа реконструција создаваме поквалитетен, пофункционален и побезбеден јавен простор за сите граѓани - порача градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.
Првиот дел од улицата Ленинова беше саниран во 2023 година, на потегот од булеварот Партизански одреди до булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, a со тековниот зафат, како што истакнаа од Општина Центар, целосно се комплетира проектот.
МИА
Ново на Сител
-

680 килограми стебла канабис одземени од нелегална плантажа во струмичко
-

Приведен кумановец, во неговиот дом пронајден пиштол
-

При претрес во Скопје пронајдени дрога и фалсификувани банкноти
-

Засилени контроли - 75 прекршоци за непочитување на правилата за првенство на минување
-

Герасимовски: Финишираме со „Ленинова“, се реконструираат последните 250 метри од сообраќајницата
-

ЕУ во вториот квартал купила исти колични нафта, но ги платила 55,8% поскапо
-

Рози Мицкоска на приемот кај првата дама на САД, Меланија Трамп
-

Командант на НАТО тврди дека Путин станува сè поопасен и посклoн кон ризици околу војната во Украина
